Подготвени за првиот домашен натпревар во новата сезона: „Сините“ со комплетно нови клупски простории (ФОТО)

ФК Брегалница, согласно најавите, максимално подготвена и од аспект на инфраструктурно освежување го очекува првиот натпревар на домашен терен во новата сезона.

Комплетно е завршено уредување на новите клупски простории на Градскиот стадион во Штип со изградба на две комплетно нови соблекувални за домашната и за гостинската екипа, сала за состаноци и прес-конференции, просторија за официјалните службени лица како и просторија за допинг контрола.

Првиот домашен натпревар во новата сезона Брегалница го игра против Плачковица в сабота (29. август) од 19 часот на Градскиот стадион во Штип.

Галерија