Седум дена подготовки во Пехчево под идеални услови: Првиот тест со Кит Го (ФОТОГАЛЕРИЈА)

„Сините“ во спортскиот комплекс „Гогов“ во Пехчево имаат идеални услови за подготовки каде ќе биде реализирана првата фаза пред стартот на новата сезона во Втората лига - Исток.

„Имаме одлични услови за работа во почетната фаза од подготовките. Секако веруваме дека максимално подготвени ќе ја дочекаме новата сезона. Наредниот период ќе следи комплетирањето на тимот со засилувања на сите неопходни позиции“ - истакна на стартот од подготовките шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски.

Во Пехчево ќе биде одигран и првиот тест дуел, против Кит Го на 18. јули.

Галерија