Брегалница во Пехчево ги почна подготовките за новата сезона (ФОТО)

Фудбалерите на Брегалница, под водство на шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски, денеска во Пехчево ги почнаа подготовките за новата сезона во Втората лига - Исток.

„Сините“, под идеални услови во спортскиот комплекс „Гогов“, ќе реализираат седумдневни подготовки како дел од првата подготвителна фаза. 




Брегалница во Пехчево останува до 18. јули кога ќе биде одигран и првиот пријателски натпревар летово против Кит Го. Веднаш по тест дуелот со пехчевци на 18. јули екипата се враќа во Штип.