Утре стартуваат подготовките за новата сезона

Со првата прозивка на шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски, фудбалерите на Брегалница утре во Пехчево ги стартуваат подготовките за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига - Исток.

Согласно планот на стручниот штаб, првата фаза од подготовките ќе биде реализирана во Пехчево по што ќе следат и контролните натпревари.

Како што е познато, новата сезона во второлигашката конкуренција стартува на 22. август.