Новата сезона стартува на 22. август, преодниот рок ќе трае до 6. септември

Управниот одбор на ФФМ денеска го усвои календарот за натпреварувачката сезона 2020/2021. Согласно календарот за натпреварување, Втората лига, во двете конкуренции ќе стартува на 22. август.

Во текот на следниот месец Брегалница и официјално ќе ги стартува подготовките за новата натпреварувачка сезона во која амбициите се пласман во елитното друштво.

ФФМ донесе и одлука 1/16-финалните натпревари од Купот на Македонија да започнат на 23. септември.

Согласно одлуката на УО на ФФМ летниот преоден рок ќе трае цели дванаесет седмици, завршувајќи на 6. септември 2020 година.