Сите тестирани во ФК Брегалница се негативни на Ковид-19

Фудбалерите на Брегалница денеска продолжуваат со тренинг-активностите во очекување на полуфиналето од Купот на Македонија откако резултатите од тестирањето на Covid-19 покажаа дека сите тестирани се негативни. 

По извршените тестови, фудбалерите и стручниот штаб од денеска стартуваат со тренинг активностите. Почитувајќи ги предвидените протоколи и мерки за безбедност фудбалерите ќе работат во помали групи.

Фудбалерите, стручниот штаб и членовите на раководството на ФК Брегалница вчера ги реализираа неопходните тестови на Ковид-19, обезбедени од страна на Синдикатот на фудбалери на Македонија.