Матеј Георгиев повикан од Канатларовски за настап во репрезентацијата до 16 години

Членот на ФК Брегалница, Матеј Георгиев доби повик за настап во младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 16 години.

Селекторот Драган Канатларовски го повика Георгиев за настап на двата пријателски натпревари против соодветната селекција на Црна Гора кои треба да се одиграат на 10. и на 12. март во Скопје.

Георгиев од денеска веќе е на располагање на Канатларовски на репрезентативниот собир во главниот град.