Кадетите против Вардар во полуфиналето од Купот на Македонија

Кадетите на Брегалница во полуфиналето од Купот на Македонија ќе се соочат со екипата на Вардар, одлучи денешната ждрепка во просториите на ФФМ.

Првиот натпревер е закажан за 17. март во Скопје.

Во второто полуфинале во кадетска конкуренција ќе се соочат Шкендија и Академија Пандев.