Брегалница првпат во историјата на подготовки во Анталија

Во пресрет на пролетниот дел од шампионатот, ФК Брегалница за првпат во својата историја централните подготовки ќе ги реализира во еден од најголемите европски подготвителни центри, турска Анталија.

Новото раководство на „сините“ и сопственикот Кирил Гогов апсолутно во насока на овозможување најдобри услови за подготовка на тимот за вториот дел од првенството. 

Според планот на стручниот штаб, одморот на фудбалерите на Брегалница ќе трае до 10. јануари за кого е закажан стартот од зимските подготовки. Во Анталија се заминува на 2. февруари каде е планирано одигрување и на најмалку пет пријателски натпревари. Како што информира шефот на стручниот штаб, Добринко Илиевски дополнително ќе бидат одредени имињата на противниците со кои Брегалница ќе се соочи на подготовките во Анталија.