Брегалница е убедливо најдобра во пионерско-младинска конкуренција во есенскиот дел: Четири убедливи победи и против велешки Борец

Со четири убедливи победи на сите четири возрасни категории против велешки Борец, пионерско-младинските состави на Брегалница на извонреден начин ја завршија есенската полусезона. Притоа и со убедлив најголем број освоени бодови во вкупниот пласман во второлигашката пионерско-младинска конкуренција.

Младинците на домашен терен триумфираше со 3-1 против велешани, додека кадетите беа уште поубедливи победувајќи со 5-1.

Помладите пионери славеа на гостински терен со 1-2, додека пионерите беа повеќе од убедливи триумфирајќи со 1-6, исто така на гости. Пионерите предводени од тренерот Драган Арсовски есенскиот дел од првенството го завршија убедливо на првото место со максимални 10 победи од 10 натпревари и гол разлика од 46-6.

Согласно правилникот за натпревари на ФФМ, во младински категории се собираат бодовите од сите четири категории (од помлади пионери до младинци) и најдобрите две екипи следната сезона ќе се изборат за место во Првата лига. По есенскиот дел Брегалница е лидер во сите четири категории во Втората лига со вкупно 97 бода, пред Ренова. 

Координатор на младинската школа на ФК Брегалница е Борче Постолов, а соодветните возрасни категории се предводени од тренерите Иван Варадиновски, Драган Арсовски, Влатко Давитков и Мијалче Прошев, како и Зоран Поп Панев на петлињата кои изминатиов викенд победија против Беласица во Струмица со 0-1.