Нови одлични настапи на младите генерации: Три победи и реми со Беласица

Нови одлични настапи на младите генерации фудбалери на Брегалница во соодветните младински шампионати на Македонија.

Помладите пионери изминатиов викенд славеа против Беласица со убедливи 4-0, благодарение на погодоците на Марио Мастев кој во два наврати стрелаше за „сините“, како и на Еди Мандак и еден автогол на гостинската екипа.

Пионерите, пак, сервираа „седумка“ за Беласица победувајќи со 7-3. Кудев запиша три погодоци, Бране Ангелов постигна два а Јован Дојчинов и Марио Митев по еден гол, во триумфот на Брегалница.

Кадетите со 0-3 славеа на гостувањето против Беласица со головите на Бране Ангелов, Октај Амедов и Доан Бајрамов, а единствено младинците ремизираа (3-3) со струмичани со головите на Мишко Арсовски, Тони Мичковски и Љупче Кудев.

Следното коло пионерско-младинските состави на Брегалница играат со соодветните генерации на Струга Трим Лум.