Заслужена радост во Ѓорче Петров... (ФОТО)

Брегалница повеќе од заслужена се пласираше во четвртфиналето од Купот на Македонија откако беше подобра од прволигашот Македонија ЃП по 180 минути игра славејќи со вкупен резултат од 1-0.

„Сините“ денеска во Ѓорче Петров на реванш осминафиналната пресметка одиграа цврст натпревар со многу борба и беспрекорност во одбраната за конечни 0-0, што значеше пласман понатаму во најмасовното домашно клупско натпреварување и очекувана радост на крајот...

Галерија