Кадетите обезбедија полуфинале во Купот на Македонија

Кадетите на Брегалница се пласираа во полуфиналето од Купот на Македонија во соодветната конкуренција, откако славеа убедливо со 2-4 и на реванш натпреварот од четвртфиналето против Пелистер.

Избраниците на Влатко Давитков по онаа победа од 5-0 на домашен терен денеска славеа и во реванш пресметката со битолчани за со вкупни 9-2 да обезбедат место меѓу четирите најдобри екипи во најмасовното домашно клупско натпреварување. Головите за Брегалница во Битола ги постигнаа Љупче Кудев и Бране Ангелов.

Кадетскиот состав на Брегалница е убедливо прв и во шампионатот во Втората лига со пет победи и едно реми од досега одиграни шест натпревари.