И младинците и кадетите со убедливи победи против Силекс

Одлични натпревари одиграа и кадетите и младинците на Брегалница во пресметките против соодветните генерации на Силекс. По победите на пионерите и помладите пионери, убедливи победи запишаа и кадетите кои славеа со 3-1 против кратовци како и младинците кои триумфираа со 5-0.

Кадетите, предводени од тренерот Влатко Давитков, до триумфот стигнаа со головите на Октај Амедов, репрезентативецот Матеј Ѓоргиев и Давид Динев. По оваа победа, кадетите се водечки на табелата со пет победи и едно реми од шест натпревари.

Младинците, пак, до убедливиот триумф од 5-0 стигнаа со погодоците на Никола Митев и Камче Ѓоргиев кои по двапати се запишаа во листата на стрелците, како и на Ѓорѓи Зашев. По шест одиграни натпревари избраниците на Мијалче Прошев имаат пет победи и еден пораз.

Во следното коло од шампионатот кадетите и младинците гостуваат на Беласица во Струмица.