Величков главен судија на реванш мечот од осминафиналето во Купот против Македонија ЃП

Боби Величков од Велес ќе биде главен делител на правдата на реванш натпреварот од осминафиналето во Купот на Македонија меѓу Македонија ЃП и Брегалница кој во среда (30. октомври) со почеток од 13:30 часот се игра во Ѓорче Петров.

На Величков ќе му помагаат Петар Новачев од Велес и Тоше Ицев од Кавадарци, а четврти судија ќе биде Игор Иванов од Велес.

Делегат на мечот ќе биде Џевдет Далипи од Кичево, а контролор Драги Стојановски од Куманово.