Да блесне Градскиот стадион: За Брегалница и „СО СРЦЕ ЗА СИМОНА“

Фудбалерите на Брегалница денешниот натпревар од 10. коло во Втората лига - Исток против Плачковица ќе го играат и во хумани цели за помош на четиригодишната Симона  Хаџи Тошева од Штип која боледува од акутна леукемија.

На срцето Симона итно и се неопходни финансиски средства за лекување во странство. Во таа насока УО на ФК Брегалница донесе одлука целокупниот приход од продажбата на билетите, како на претходниот меч со Кожуф, така и на сите преостанати три натпревари на домашен терен до крајот на есенскиот дел од шампионатот да бидат донирани за помош на Симона. Токму затоа огромни се желбите да го покажеме хуманото срце на нашиот град , да го наполниме денеска Градскиот стадион, и со купениот билет да донираме за помош на малата Симона.

„По одлука на управниот одбор на ФК Брегалница сите домашни натпревари до крајот на полусезоната сите средства ќе бидат пренаменети за лекување на малата Симона. Со тоа ги замолуваме, нашата публика и штипската јавност да дојде и да и помогнеме на Симона“ - вели директорот на Брегалница, Емил Тодев.

Натпреварот со Плачковица се игра повторно во вечерниот термин од 18 часот. Билетите се со стандардна цена од 100 денари.

Галерија