Убедливи победи на пионерите и помладите пионери: Вкупни 8-0 против екипите на Силекс

Беспрекорната работа со помладите категории во редовите на Брегалница веќе отворено се гледа и по резултатите на најмладите генерации во шампионатите на Македонија.

Во двата првенствени натпревари, помладите пионери и пионерите, со вкупни 8-0 славеа против соодветните генерации на кратовски Силекс.

Пионерите, предводени од тренерот Драган Арсовски, триумфираа со 3-0 против кратовци со головите, во два наврати на Бране Ангелов, и еден на Марио Митев. Во оваа возрасна категорија, Брегалница е убедливо прва на табелата со шест победи од исто толку натпревари и гол разлика од 25-2.




Помладите пионери, пак, беа уште поубедливи против Силекс триумфирајќи со 5-0. Давид Милев постигна три гола, а по еден гол постигнаа Марио Мастев и Бобан Ѓоргиевски, за триумф на составот предводен од тренерот Иван Варадиновски.

Утре во Кратово на Силекс гостуваат и кадетската и младинската екипа на Брегалница.