Кадетите сервираа „петарда“ против Пелистер во првиот меч од четвртфиналето во Купот на Македонија

Кадетите на Брегалница се на добар пат да обезбедат полуфинале во Купот на Македонија во соодветната конкуренција, откако убедливо славеа со 5-0 во првиот четвртфинален натпревар против Пелистер.

Избраниците на Влатко Давитков сервираа „петарда“ за Пелистер во одличен натпревар во кој уште еднаш беа демонстрирани квалитетите на оваа генерација која во моментов е на лидерското место и во шампионатот од Втората лига.

Триумфот против Пелистер, „сините“ го обезбедија со головите на Доан Бајрамов и Бране Ангелов кои по двапати стрелаа во противничката мрежа, а еден погодок постигна репрезентативецот Љупче Кудев.

Убедлива предност која, во секој случај, ќе мора да се потврди и на реваншот во Битола ако се сека пласман во полуфиналето од Купот.

Кадетскиот состав на Брегалница е убедливо прв и во шампионатот во Втората лига со четири победи и едно реми од досега одиграни пет натпревари. Сето тоа е само потврда на одличната работа на младинската школа на ФК Брегалница предводена од координаторот Борче Постолов кој нуди и се повеќе репрезентативци во соодветните возрасни категории во националните дресови.