И против Плачковица во вечерниот термин од 18 часот

И натпреварот од 10. коло во Втората лига - Исток, во сабота (26. октомври), Брегалница ќе го игра во вечерниот термин на Градскиот стадион во Штип од 18 часот.

Главен судија на натпреварот ќе биде Доне Ристовски од Гевгелија, а ќе му помагаат Драган Трпчевски од Кавадарци и Иван Танев од Гевгелија. Четврти судија ќе биде Миле Лазов од Неготино, а делегат на натпреварот Ацо Алексоски од село Долнени.