ФК БРЕГАЛНИЦА во хумана акција: СО СРЦЕ ЗА СИМОНА!

Чувствувајќи ја обврската за максимална општествена одговорност, Управниот одбор на ФК Брегалница донесе одлука нашиот клуб да биде дел од хуманата акција „Со срце за Симона“ за помош на нашата мала сограѓанка Симона Хаџи Тошев.

На четиригодишната Симона Хаџи Тошев од Штип и е дијагностицирана Leucosis ccuta non Lymphoblastic (Акутна нелимфобластна леукемија). Па итно и се неопходни финансиски средства за лекување во странство. Во таа насока УО на ФК Брегалница донесе одлука целокупниот приход од продажбата на билетите на вчерашниот првенствен натпревар против Кожуф да биде дониран за лекување на малата Симона. Но, и приходот од билетите од сите преостанати три натпревари на домашен терен до крајот на есенскиот дел од шампионатот ќе бидат донирани за помош на Симона.

ФК БРЕГАЛНИЦА испраќа и АПЕЛ до сите жители на Град Штип уште еднаш да го покажеме хуманото срце на нашиот град и преку присуство на сите останати натпревари на „сините“ до крајот на полусезоната, со купениот билет, да донираме за помош на малата Симона.

СО СРЦЕ ЗА СИМОНА!

Сите кои имаат можност да донираат и дополнителни средства за лекување на Симона Хаџи Тошев можат и преку жиро-сметката за донации:
ПРИМАЧ
Симона Хаџи Тошев
С-ка за донации: 270-7000448932-95, ХАЛКБАНК АД Скопје