Убедлив триумф против Победа на мечот во Пехчево (3-0)

По двата едноподруго натпревари без триумф, Брегалница на најдобар можен начин се врати на победите со убедлива победа од 3-0 (1-0) против прилепска Победа.

На натпреварот кој поради реконструкцијата на теренот на Градскиот стадион во Штип се играше во Пехчево, „сините“ доминираа низ текот на сите 90 минути за сосема заслужено освоени три бода.

Брегалница по почетната иницијатива до предност дојде во 21. минута кога Ристе Наумов на одличен начин со глава од десеттина метри мајсторски смести во противничката мрежа по центаршутот од левата страна на Филип Миленковски.

Во продолжението „сините“ во ист стил продолжија но без погодок до крајот на полувремето.

Второто полувреме почна повторно со агресивна офанзивна игра на фудбалерите на Брегалница, по што веднаш следеше одличен погодок на Марио Наумоски кој со прекрасен шут од 16 метри во 50. минута зголеми на 2-0. Во 59. минута веќе беше 3-0 откако Стојанче Велинов прецизно стрелаше од белата точка.


БРЕГАЛНИЦА - ПОБЕДА 3-0 (1-0)
Градски стадион во Пехчево. Гледачи: 200. Стрелци: Наумов 21', Наумоски 50', Велинов 59'(п).



ВТОРА ЛИГА - ИСТОК (7. КОЛО)
Кавадарци: ТИКВЕШ - КИТ ГО 1-0
Пехчево: БРЕГАЛНИЦА - ПОБЕДА 3-0
Прилеп: ПИТУ ГУЛИ - БЕЛАСИЦА 0-8
Радовиш: ПЛАЧКОВИЦА - КАМЕНИЦА САСА 0-2
Кочани: ОСОГОВО - КОЖУФ 0-4