Против Победа за враќање на победите

Фудбалерите на Брегалница денеска од 15 часот во Пехчево против прилепска Победа ги очекува натпреварот од 7. коло во Втората лига - Исток.

Поради реконструкција на теренот на Градскиот стадион во Штип, натпреварот ќе се игра на стадионот во Пехчево. Но, и покрај тоа сосема јасно очекувањата на фудбалерите се дека ќе се стигне до триумфот против прилепчани, како начин за крај на низата без победа од претходните два дуели.

Брегалница ја носи фаворитската улога но останува фактот дека ниту најмалку не може да се потцени противникот во желбата да се дојде до трите бода.

Главен судија на дуелот ќе биде Благојче Ралевски од Битола, а ќе му помагаат сограѓаните Петар Степановски и Јовче Кокевски. Четврти судија ќе биде Дени Лековски, исто така од Битола. Делегат на мечот ќе биде Никола Џорлев од Струмица, а контролор - Кире Кулумовски од Ресен.