Повик за Љупче Кудев во репрезентацијата до 17 години за квалификациите за пласман на ЕП

Една од најголемите надежи на Брегалница, офанзивниот фудбалер од средниот ред Љупче Кудев доби повик од селекторот Горан Станковски се настап во македонската репрезентација до 17 години на квалификацискиот турнир за пласман на ЕП кој ќе се игра во Полска.

Националниот тим за Полска заминува на 5. октомври. Македонската репрезентација е во група заедно со домаќинот Полска, Белгија и Лихтенштајн. Првиот натпревар Македонија го игра против Полска на 9. октомври, вториот против Белгија на 12. октомври и последниот е против Лихтенштајн на 15. октомври.

Селекторот Горан Станковски за трите натпревари преку кои Македонија ќе бара место во Елитната фаза од квалификации за ЕП ќе смета на следните фудбалери:

Голмани: Стефан Митрев (Арау, Швајцарија), Душан Герасимовски (Работнички), Лука Стојковски (Вардар);

Одбрана: Љавдрим Ибраими (Работнички), Резарт Коколари (Аѕури, Швајцарија), Борче Гогов (Академија Пандев), Филип Ѓорговски (Вардар), Самет Реџепи (Шкупи), Кристијан Тасески (Аугзбург, Германија);

Среден ред: Октај Ракипи (Шкендија), Албин Лимани (Солотурн, Швајцарија), Дарко Стојановски (Академија Пандев), Христијан Георгиевски (Работнички), Мартин Талаков (Академија Пандев), Андреј Стојчевски (Вардар);

Напад: Бехар Фета (Фортуна), Филип Трпчевски (Хакен, Шведска), Албин Таипи (Ренова), Емир Саитовски (Домжале, Словенија), Елези Дашмир (Шкендија), Љупче Кудев (Брегалница).