Против Македонија ЃП во осминафиналето од Купот на Македонија

Брегалница ја очекува двомеч со прволигашот Македонија ЃП во осминафиналето од Купот на Македонија.
 
Денешната ждрепка во Фудбалската федерација на Македонија сакаше „сините“ во битката за четвртфинале да се соочат со „лавовите“. Првиот натпревар се игра во Штип на 25. септември, а реванш дуелот ќе биде во Скопје на 30. октомври.
 
ОСМИНАФИНАЛЕ ОД КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА
БРЕГАЛНИЦА - Македонија ЃП
Вардар - Шкендија
Ак. Пандев - Осогово
Шкупи - Силекс
Пелистер - Работнички
Тиквеш - Ренова
Лабуништа - Охрид
Борец - Струга ТЛ

* Првите натпревари се играат на 25. септември во 15:30 часот, а реваншите се на 30. октомври во 13:30 часот.