Триумф во убедлива игра на гостувањето против Силекс (2-3)

По двете ремија на првите два пријателски натпревари, Брегалница стигна до првиот триумф низ летните подготовки славејќи во убедлива игра со 2-3 (1-1) на гостувањето против Силекс во Кратово.

Фудбалерите на нашиот тим комплетно ги надиграа кратовци заслужувајќи и поубедлива победа. До водство „сините“ стигнаа со голот од пенал во првиот дел на Стојанче Велинов, но Костовски, исто така од белета точка, израмни за домашните пред паузата.

Во второто полувремеди доминацијата на Брегалница донесе два погодоци на Тони Мичковски и Ристе Наумов, за да во финишот Силекс само го ублажи поразот со голот на Стефан Коцев.

Шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски, на тест дуелот против Силекс, настапи во следниот состав: Давков, Стојанов, Манов, Шишков, Мирчевски, Османовски, Бакрачевски, Велинов, Миленковски, Мичковски, Наумов

Следниот пријателски натпревар на Брегалница е против Академија Пандев на 28. јули.