Општина Штип одлучи: ФК Брегалница добива нов сопственик

ФК Брегалница и дефинитивно добива нов приватен сопственик откако денеска на седницата на Советот на општина Штип донесена е едногласна одлука фудбалскиот колектив да се продава на берза по номинална вредност од 100 евра по една акција.

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски и координаторот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов беа единствени во ставот дека политиката треба да се остави настрана од клубот и „сините“ конечно да добијат стабилен спонзор и сопственик во интерес на сите искрени љубители на фудбалот.

Се очекува целокупната постапка за продажба на дел од акциите на Брегалница да заврши до 11. јули, кога е закажана нова седница на Советот на општината.

Според најавите, ЈП Исар и натаму ќе ги одржува спортските терени, но Општина Штип, како што истакна градоначалникот Бочварски, во иднина ќе инвестира двојно помалку средства од сегашните во клубот.

Поврзани вести


ПРЕБАРУВАЊЕ


НАЈНОВИ ВЕСТИ


ТАГОВИ


АРХИВА НА ВЕСТИ