Александар Нехтенин доби репрезентативен повик

Александар Нехтенин од младинската школа на ФК Брегалница доби покана од селекторот Раде Каранфиловски за учество на камп за македонската репрезентација до 16 години. Кампот ќе се одржи во Дојран од 10.06 до 16.06.2024. Му честитаме за поканата на Нехтенин и му посакуваме многу голови!