Канформ: "Во сабота сме во must win ситуација, бодовите остануваат во Штип"

Дали конечно треба да очекуваме цел плен од дуелот во сабота?
- Да, апсолутно. Ова е must win ситуација за нас, победата е императив и немаме право на грешка. Домашен терен, наша публика, Гостивар е одлична екипа, но бодовите во сабота остануваат во Штип!
Во кои мечеви до крајот ја гледаме нашата шанса за опстанок?
- Нема посебен меч каде треба да се фокусираме. Сите натпревари до крајот за нас се од витално значење, во прашање е опстанок. Мораме да останеме позитивни, максимално посветени да влегуваме во секој меч и да атакуваме на победи и бодови и да се избориме Брегалница да остане во прволигашкото друштво.

изјави за клубскиот сајт, интернационалецот од Гамбија, Соломон Кинг Канформ