Донов: "Патот до опстанокот е пеколно тежок, но ние сме оптимисти"

Претстои тешка битка за опстанок во првата лига. Каква е атмосферата во соблекувална? Постои ли оптимизам?
- Моментално сме на претпоследното место на табелата, но мислам дека заслужуваме да се на горниот дел од табелата. Тоа треба да го покажеме во наредните натпревари. Секако дека не чека тежок пат за да дојдеме до зацртаната цел, а тоа е опстанокот. Јас верувам во оваа екипа, сите си веруваме еден на друг, имаме стварно добар квалитет и сите сме големи оптимисти.

Шкупи е можеби најсилниот состав во лигата. Ќе ги нападнеме ли трите бода во среда?
- Што се однесува до утрешниот натпревар, мислам дека Шкупи е доста квалитетен противник, но ние играме дома пред наша публика, ќе бидеме 100% мотивирани, ќе го дадеме нашиот максимум и ќе се потрудиме 3-те бода да останат во Штип.

...изјава на играчот за врска на Брегалница, Илија Донов во пресрет на 22.коло од првата македонска фудбалска лига против Шкупи во Штип.