Јованов: Во недела го играме натпреварот на сезоната!

Во последните неколку натпревари, Ване Јованов е меѓу подобро оценетите играчи на Брегалница. Како со задоволен од личниот придонес за клубот?
- "Јас, верувам и секој друг играч, давам и ќе давам максимум од себе да прикажам добра игра и да придонесам за подобар резултат.

Ситуацијата во која е клубот е благо речено незавидна. Очекуваш ли излез од резултатската криза? Каде е нашата шанса?
- "Вистина, не сме на местото на табелата кое го заслужуваме. Тренираме напорно, се подготвуваме максимално за секој нареден меч, верувам во овој тим, верувам во стручниот штаб, дека на крајот на сезоната ќе бидеме вон опасната зона и ќе избориме опстанок.

И во Работнички не цветаат рози. Само 1 бод во пролетниот дел. Што очекувап од неделниот натпревар и каква е атмосферата во нашиот табор?
- "Во недела го играме (по мене) натпреварот на сезоната! Очекувам сите до еден да дадеме се од себе, да дојдеме до тој посакуван позитивен резултат, конечно од гостување да се вратиме со кренати глави и да ги израдуваме нашите верни фанови." - ни изјави секогаш скромниот соговорник Ване Јованов