📣 Краток осврт на тренерот Здравков после неделниот натпревар против Тиквеш

"Остваривме важна победа, одигравме одговорно и дисциплинирано во текот на сите 90 минути. Целта е остварена, забележавме 3 важни бода кои ќе ни ја вратат самодовербата за наредните натпревари. Имавме тежок противник против нас, екипа која знае да игра на резултат, но сепак бевме стрпливи и победивме. Честитки за сите актери на теренот, огромна благодарност за публиката која не бодреше цели 90 минути и беше стрплива и позитивна и сите заедно се радувавме на 3-те бода. Ова е мотив за подобри натпревари и резултати во иднина." - изјави Горан Здравков после натпреварот со Тиквеш