Стефан Филиповиќ е најновото, воедно и последно засилување за Брегалница

Стефан Филиповиќ е најновото, воедно и последно засилување во плаво-белата чета во овој преоден рок. Филиповиќ е искусен стопер од соседна Србија и има 29 години. Кариерата ја започнува во Рад, а зад своето име има настапи во Срем, ИМТ Белград, Жарково, Бежанија, Будучност Подгорица, Спартак Суботица, а во штипска Брегалница доаѓа од Ритериаи, Литванија.