Пепи Ѓоргиев е старо-нов напаѓач на штипските сини!

Пепи Ѓоргиев ќе го засили нападот на штипска Брегалница. Тој е второто засилување во зимскиот преоден рок. Ѓоргиев, со успех, во Брегалница настапуваше во сезоната 2019/20. Во меѓувреме, тој играше и во Теута (Албанија), Кожуф, Беласица, Силекс, Академија Пандев, Шкупи и Гостивар (Македонија).