Михаил Маневски е нов фудбалер на штипска Брегалница

Михаил Маневски е првата зимска аквизиција на ФК Брегалница!

Повратникот Михаил Маневски е првото засилување на штипските сини во овој преоден рок. Маневски е искусен фудбалер кој покрај Брегалница, настапуваше и во Академија Пандев, Силекс, Шкендија и Гостивар. Михаил Маневски во февруари ќе наполни 25 години и игра на позиција лев бек. Додека настапуваше во Брегалница, Михаил беше миленик на штипската публика.