Тренерот Здравков прозиваше, екипата полека се комплетира

Екипата на Брегалница почна со подготовки за пролетниот дел од сезоната. На првата прозивка се појавија скоро сите играчи од првиот тим и неколку младинци. Засега ќе се тренира во Штип. Со екипата тренираше и Емре Кадри, млад и перспективен дефанзивец кој настапуваше во младинскиот тим на Аданаспор од Турција. Договорот на Виктор Велкоски е истечен, а голманот Кире Новаков го напушти клубот.