Пласман на младинските категории на ФК Брегалница после есенскиот дел од сезона 2023/2024

ПЛАСМАН НА МЛАДИНСКИ КАТЕГОРИИ НА ФК БРЕГАЛНИЦА НА КРАЈ НА ЕСЕНСКИ ДЕЛ ОД СЕЗОНА 2023/2024

Категорија - помлади пионери (У16)
ФК Брегалница е на седмата позиција со освоени 15 бодови. Водечки тим на табелата е АП Брера од Струмица со 29 бодови. Најдобар стрелец на ФК Брегалница е Стефан Николов со 11 постигнати голови.

Катгегорија - пионери (У17)
ФК Брегалница се наоѓа на десетото место со 10 бодови. Прв е Пелистер од Битола со освоени 25 бодови. Најдобар стрелец во оваа категорија во Брегалница е Александар Нехтенин со постигнати 4 голови.

Категорија - кадети (У18)
ФК Брегалница е на шестото место со вкупно 20 бодови. Прв на табелата е тимот на Работнички од Скопје со вкупно 26 бодови. Најдобар стрелец во нашиот табор е Лука Николов со 11 погодоци.

Категорија - младинци (У19)
ФК Брегалница го зазема второ место на табелата со 22 бодови. Прв е скопски Вардар со 28 бодови. Најдобар стрелец во оваа категорија кај штипските сини е Един Мандак со 9 голови.