"На првиот меч во Тетово несреќно загубивме, во сабота само победа ни е во мислите" - Роналдо Вебстер

Тренираш со помал интензитет, за каква повреда се работи?
- Да, имам мала повреда, ништо сериозно. Стручниот штаб пред мечот ќе одлучи дали ќе почнам од почеток.

Шкендија има одличен тим, изгубивме во првиот меч во Тетово. Што очекуваш од претстојниот натпревар?
- Точно, изгубивме несреќно. Бевме подобар противник, креиравме шанси, но не успеавме да постигнеме гол. Но, тоа е фудбалот. Сите знаеме дека Шкендија е добар тиме, но лично сметам дека е време Брегалница да се врати на победничка патека и само победа ни е во мислите, размислуваме само на цел плен од мечот.

Дали е овој меч вистинско време да почнеме една позитивна резултатска серија?
- Дефинитивно да. Тренираме напорно, ќе играме посветено и мотивирано. Размислуваме сите исто, само победа е опција во сабота. И нормално, почеток на една добра серија со позитивни резултати.

изјава за клубскиот сајт, крилниот напаѓач Роналдо Вебстер