Андонов: "Домашниот терен и нашата верна Фаланга се мотив плус за сигурни 3 бодови"

"Во сабота играме исклучително важен натпревар во кој победникот ќе направи исчекор кон горниот дел на табелата. Максимално сме подготвени и мотивирани и уште од првата минута ќе атакуваме на трите бодови. Здравствениот билтен ни е одличен, немаме повредени ниту казнети фудбалери. Домашниот терен и нашата верна Фаланга ни се дополнителен мотив да го оставиме срцето на теренот и да дојдеме до сигурни 3 бодови. Потоа ни следи уште еден исто така многу важен натпревар во купот, во среда, но одиме чекор по чекор до две победи." - изјави Зоран Андонов за клубскиот сајт.

Пишува: Горан Стаменков