Се одржа првиот ФК Брегалница FunDay

Во петокот (20.10.2023) се одржа првиот ФК Брегалница FunDay во Штип. Настанот беше масовно посетен, многу деца и млади љубители на фудбалот присуствуваа на истиот. Неколку играчи од првиот состав беа присутни на настанот, се фотографираа со присутните, делеа автограми. Децата шутираа пенали на мали голови и за најуспешните следуваа симболични награди со амблемите на клубот. Се на се. настанот беше успешно организиран, децата беа презадоволни, што всушност е и целта на ваквите настани. ФК Брегалница најавува дека настаните од ваков тип ќе бидат често организирани во нашиот град. Настанот беше и медиумски покриен.