Здравков: "Победата ја посветуваме на нашите верни фанови"

"Доста тежок натпревар, секоја чест за карактерот на целиот тим и индивидуално за секој играч. Сите кои добија шанса го дадоа својот максимум. Во текот на целиот натпревар бевме подобар противник и сосема заслужено победивме. Притисокот пред мечот беше огромен и затоа сме исклучително среќни поради трите бодови. Работнички беше сериозно тежок противник, што дополнително дава на значение на денешните 3 бода. Победата ја посветуваме на нашите верни фанови и целата фудбалска јавност во Штип." - изјави шефот на стручниот штаб Горан Здравков после натпреварот и победата над Работнички.