Прес конференција на ФК Брегалница

Денес во просториите на ФК Брегалница беше одржана прес конференција на која беше најавен утрешниот натпревар со Работнички. Шефот на стручниот штаб Горан Здравков и чуварот на мрежата на Брегалница Мартин Давков одговараа на новинарски прашања.
Оваа пракса на одржување на прес конференции ќе продолжи и понатаму пред секој натпревар на фудбалскиот клуб Брегалница.

Благодарност до мeдиумите и новинарите за присуството.

Горан Стаменков