Велкоски: "Мечот со Работнички е шанса да излеземе од негативната резултатска серија"

Виктор Велкоски е еден од столбовите на одбраната на штипска Брегалница. Според него, мечот со Работнички во сабота е шанса Брегалница да ја прекине негативната резултатска серија и конечно да дојде до победа и нови три бодови на контото.

"Очекувам еден екстремно тежок натпревар, екипата на Работнички е доста спремна има доста квалитетни играчи.  Ние, исто така сме максимално подготвени, атмосферата во соблекувална е одлична и како и на секој натпревар, така и во сабота, ние одиме на победа и на три бодови. Сакаме да излеземе од оваа негативна резултатска криза" - изјави за клубскиот сајт Виктор Велкоски, кој во неговата богата кариера ги бранеше боите и на клубот од градски парк.

Пишува: Горан Стаменков