Брегалница му оддаде признание и почит на Филип Гачевски

По теркот на големите европски клубови, на вчерашниот натревар во Штип помеѓу екипите на ФК Брегалница и ФК Вардар, домашниот колектив му оддаде почит и признание на поранешниот голман Филип Гачевски кој своевремено додека ги бранеше боите на ФК Брегалница го постави рекордот од 912 минути без примен гол. Тој рекорд и до ден денес не е соборен во нашата прва фудбалска лига. Признанието во вид на дрес со бројот 912 на Гачевски му го врачи извршниот директор на ФК Брегалница, Емил Тодев. Со овој гест, ФК Брегалница уште еднаш покажа дека е сериозен и професионален клуб кој ги негува вистинските фудбалски вредности. Инаку, мечот во Штип заврши со мирољубиви 0:0.

Пишува: Горан Стаменков