Силјановски: "Мораме сите да бидеме самокритични и да работиме на себе "

"Иако играме добро и создаваме шанси, изгубивме доста бодови во последните неколку средби од направени индивидуални грешки и некои ситници кои на крај ги одлучуваа натпреварите. Мораме сите да бидеме самокритични и да работиме на себе ако сакаме да напредуваме и да ги сведеме грешките на минимум.
Атмосферата во екипата е на одлично ниво, се надевам ќе го пренесеме тоа во недела и на теренот, и на натпреварот со Вардар очекувам секој што ќе добие шанса дека ќе го даде својот максимум и со една пожртвувана игра ќе се вратиме на победите кои значат многу, како за нас, така и за нашите верни навивачи кои се секогаш и секаде наша поддршка." - ни изјави капитенот и столбот на играта на Брегалница, Горан Силјановски

пишува: Горан Стаменков