Гачевски: "Кога во Штип игра Брегалница, тоа е празник за градот"

Во пресрет на неделниот меч помеѓу екипите на Брегалница и Вардар, на кратко поразговаравме со Филип Гачевски кој го брани голот на Вардар, а во минатото со успех настапуваше во штипска Брегалница.

Што за тебе значи Штип, Фаланга и Брегалница?
- "Штип е градот во кој ја почнав мојата кариера во Македонија. Во Брегалница бранев и поставив рекорд од 912 минути "чиста мрежа", рекорд кој ден денес не е соборен. Сега сум горд Вардарец, но во моето срце Брегалница има посебно место. За "Фаланга" имам огромен респект, дел од мојата кариера тие дечки со гордост го скандираа моето име и презиме и исклучително ги ценам и почитувам."

Што очекуваш од дуелот во недела?
- "Кога во Штип се игра фудбал, тој ден е празник во градот, сум го почувствувал тоа кога бев дел од Брегалница. Брегалница е домашна екипа, тежок терен, супер навивач, но ние сме Вардар и ќе атакуваме на победа во недела."

Каде го гледаш Вардар на крајот од сезоната?
- "Целта на Вардар е да застанеме на "здрави нозе" и да го обезбедиме опстанокот во прволигашкото друштво. ФК Вардар е бренд и институција во Македонија и пошироко и сигурен сум дека во скоро време проблемите ќе се надминат и ќе се вратиме каде што ни е местото."

Пишува: Горан Стаменков