Михаил Димитриевски повикан во младата репрезентација за мечевите со Шведска и со Холандија на стартот од квалификациите за ЕП 2025

Михаил Димитриевски доби повик од селекторот Драган Канатларовски за септемвриските натпревари на репрезентацијата до 21 година на стартот од квалификациите за ЕП 2025 во Словачка.

Диимитриевски е веќе стандарден член на младата селекција на Македонија која сега го стартува квалификацискиот циклус.

Македонија на почетокот од квалификациите за ЕП 2025 ќе игра против Шведска на 8. септември во Јенчепинг, со почеток во 1. часот и против Холандија на 12. септември со почеток од 15:30 часот, на тренинг центарот „Петар Милошевски" во Скопје.