Грузиецот Лука Робакидзе е ново засилување за средниот ред на „сините“!

Грузиецот Лука Робакидзе е најновото засилување за Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

23-годишниот Робакидзе, кој игра во офанзивниот среден ред, доаѓа од редовите на грузискиот Шукура, а претходно има настапувано и за Самтредиа во домашниот шампионат, како и за екипата на Таборско во Чешка.

Грузискиот фудбалер изминативе денови веќе се приклучи на екипата пред денешното официјализирање на потписот со „сините“.

Претходно, Брегалница се засили и со фудбалерот од средниот ред Филип Стојчевски од Силекс, репрезентативците на Јамајка, Колин Андерсон и Роналдо Вебстер, офанзивецот Фабрицио Венегас од Костарика, голманите Мартин Давков и Кире Новаков, како и десниот бек Ване Јованов, кои се повратници меѓу „сините“.