Во среда во Штип пријателски натпревар со српскиот прволигаш Дубочица

По победата на првиот тест дуел за време на летните подготовки против Силекс во Кратово од 1-2, фудбалерите на Брегалница веќе во среда (12. јули) ги очекува и вториот пријателски натпревар.

„Сините“ во среда на Градскиот стадион во Штип од 17:30 часот ќе се соочи со српскиот прволигаш Дубочица од Лесковац.

Тоа ќе биде уште еден квалитетен тест за избраниците на Горан Здравков низ подготовката за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.