Костариканецот Фабрицио Венегас го засили нападот на Брегалница

Интернационалецот од Костарика, Фабрицио Де Јесус Венегас е најновото засилување на Брегалница за новата натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига.

24-годишниот Венегас ќе го засили офанзивниот среден ред и нападот на тимот и доаѓа од екипата на Футбол Консултанс Декампаредос од шампионатот на Костарика. Претходно во својата кариера има настапувано и за Санта Ана, исто така во костариканското првенство.

Венегас е трето ново име за „сините“ откако претходно во својот клуб се вратија и голманот Мартин Давков, како и десниот бек Ване Јованов.