Здравков со прва прозивка, Брегалница ги стартуваше летните подготовки (ФОТО)

Шефот на стручниот штаб Горан Здравков ја реализираше првата прозивка на стартот од летните подготовки на Брегалница за новата 2023/24 сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Брегалница денеска на Градскиот стадион во Штип ги почна подготовките за новата сезона. Новина во тимот е ангажманот на голманот Мартин Давков кој е повратник меѓу „сините“, а во текот на наредните денови ќе следи и промоцијата на новите засилувања на тимот.



Согласно програмата на стручниот штаб, првата фаза од подготовките ќе биде реализирана во Штип и во Пехчево, по што ќе се оди на финалните техничко-тактички подготовки комбинирани и со пријателски натпревари.



Како што информираше тренерот Горан Здравков, планирано е одигрување седум пријателски средби преку кои ќе се темпира формата за стартот на новата сезона.